Македонска каменица, Шутка, Центар, Струмица се само дел од местата за кои генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски кажа дека неговата партија има партија на локалните избори. До вторник, ќе бидат објавени сите кандидати. Според него, во тек се анкети за да се провери кој кандидат би издвоил победа.
„До 31. ќе ги објавиме сите кандидати. Има повеќе кандидати, има теренски истражувања. Има внатрепартиски истражувања кои се за граѓаните. Предноста и тука (Македонска каменица) и во Кочани ја имаме“, рче Николовски.
СДСМ досега утврдила кандидати за 51 општина. Последно тие ги објавија имињата на уште 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
Од партијата ги уверуваат граѓаните дека СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина. Тоа е препознаено и од граѓаните, затоа СДСМ води на сите анкети, затоа е убедлив фаворит на локалните избори, велат од партијата.
Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев изјави дека неговата партија јасно стои на пораката за заеднички настап и меѓусебна поддршка на овие локални избори.
– Јасно е единството на коалицијата на централно ниво кое се преточува во коалиција на локално ниво која со своите специфики на локалните избори каде се бира личност претставува демократски осврт на оваа владејачка гарнитура. Логично е некаде каде што можеме во првиот круг да се поддржиме, коалициските партнери да се поддржат и се поддржуваме. Таму каде што не може, ќе се поддржуваме во вториот круг. Затоа е јасно како ќе настапиме насекаде во нашата земја, рече Заев во одговор на прашање при денешното означување на почетокот на градба на мостот „Љубљанска“ во Скопје.