Скопје

Шилегов: Со поскпувањето на паркингот во Кинички, Градот Скопје се обиде да исправи неправда

Градот Скопје се обиде да исправи неправда. Ја воедначи цената на паркингот на Клиничкиот центар со другите паркинг зони околу кои гравитираат други институции. Градот не би се однесувал подеднакво кон своите граѓани ако на едно место дава услуга за 800 денари, а на друго за 350, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, одговорајќи на новинарски прашања.

Градоначалникот истакна дека во Клиничкиот центар мора да се изведат нови сообраќајни решенија за Брзата помош лесно да доаѓа до клиниките, наместо да чека ред со дргутие возила, а на две места на паркингот на Клинички центар треба да се изградат монтажни катни гаражи со што ќе се зголеми каацитетот за повеќе од 350 нови паркинг места.

-На паркингот кај „Нова Македонија“ луѓето плажаат по 800 денари, а во катната гаража „Беко“ вработените во министерствата за финансии и за правда плаќаат по 1.000 днари. Ја воедначивме цената на услугите, а зошто некој во дадена фаза решил концептот на сообраќај на Клинички центар да го уништи давајќи 1.500 месечни карти за 670 паркинг места без да го зголеми капацитетот за непречен пристап на возила, не можам јас да кажам. Тоа се одлуки на претходната власт. Она што сакаме е да исправиме неправда кон останатите граѓани, од една страна, а од друга, да најдеме доволно средства за изградба на двете монтажни катни гаражни, рече Шилегов по националната конференција за децентрализација.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток