Секторот за внатрешни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М.(43) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При извршен преглед во мопед што го управувал пријавениот на улица „Абас Емин“ во Охрид, од страна на полициските службеници, под седиштето пронајдена била најлонска кеса со марихуана.