Љубителите на скијањето ќе можеа и сега да уживаат во овој спорт на планината Кожуф. Но за жал, негрижата доведе до негово целосно запуштање и нефункционалност. Тој е небезбеден за граѓаните. Можеби, се ќе беше поинаку доколку функционираше патот до ски-центарот „Кожуф“ кој почна да се гради уште во 2009 година и за кој државата потроши 9 милиони евра. На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии од него.
„Ова не е слика од Чернобил. Ова е ски центар ‘Кожуф’“, стои во објавата.
Ова не е слика од Чернобил.
*ова е Ски центар „Кожуф”. pic.twitter.com/iJTTX29OHs— 👌КАуркаТА👌 (@Kaurkata903) September 14, 2021
Коментарите под објавата се најчесто реакции дека тоа што се случува на Кожуф е голема катастрофа.
Првиот човек на Ски центарот Кожуф Ангел Наков за Дојче веле во 2018 година ја откриваше и шемата со која структури од претходната власт сакале да го спроведат сценариото за уништување на милионскиот проект. Како се случи мега милионскиот проект не само да запре, туку и да падне во стечај?
„Се` почна во 2012 кога некој во државата реши да додели концесии за рудници на оваа планина. Некој да прави ископи и да бара злато и да ја уништи природата, а од Македонија да направи рударско село. Измислија приказна за патот кој токму Владата го изгради во 2009 година дека е нефункционален. Целосно го запоставија и дозволија да се уништи со што практично и ние немавме услови да работиме. А вистината беше дека тој пат и самиот ски центар беа во срцето на она што требаше да се прекопува. Станавме трн во око и требаше да не нема“, раскажува Наков.