Тетовчани не се единствените во земјава кои ги посетуваат и се грижат за своите роднини позитивни на ковид во инфективните болнички одделенија, иако тоа е строго забрането. Во многу градови низ земјава тивко се одобруваат такви посети. Екипата на Радио Слободна Европа ја посети гостиварската модуларна болница.
Младиот доктор Гент Билали својата специјализација по хирургија ја ставил во мирување за да може да помогне во справувањето со наплив на пациенти позитивни на ковид-19 во гостиварската болница „ Ферид Мурад“. Тој вели дека заедно со неколку колеги се откажале од секојдневните обврски за да им помогнат на колегите во родниот град да се справат со толку голем број на пациенти кои доаѓаат одденаш. Август беше тежок месец за Гостивар, вели Билали.
-Значи роднини да се грижат за пациент по неколку часа немало, дури ни редовни посети немало, ви велам се случувало на пример некогаш кога е при крај, гледаат некои пациенти од емоции, им се случува да влегуваат преку прозор. И нормално нема ни да го забраниш, кога некој човек губи близок човек од семејството, нема резон јас или сестрата да се бави со тоа да не му дозволи да влезе внатре кога нас ни е приоритет да дадеме се од нас да спасиме колку што можеме, вели Билали.
Министерот Венко Филипче на прес конференцијата еден ден по трагичниот настан во Тетово беше дециден дека посети во инфективни одделенија каде што се лечат пациенти со заразни болести се строго забранети.
Целиот текст на Радио Слободна Европа.
Гостиварци велат дека свадбарската сезона и печалбарите летово го „издигнаа“ градот високо на листата со голем процент на заразено население со ковид-19.