Коментари

Сè им е фејк, па дури и оставките, дециден е Апасиев

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, одново со критики за актуелната власт. Откако претходно преку собраниската говорница рече дека оставката е право на неотповиклива волја, а не чин на оценува, сега одново ги искоментира на социјалните мрежи.

„Сè им е фејк, па дури и оставките“, напиша Апасиев за оставките на министрите Венко Филипче и Илир Хасани, како и директорите на тетовската болница.

Тој и претходно се произнесе за понудените повлекувања.

„Имено, „оставка“ и „разрешување“ не се исти институти! Во случајов со Филипче, тој е подносител на оставката и таа е неотповиклива. Според Деловникот, примач на оставката е спикерот на Собранието на Република Македонија, а премиерот е само гласник, или курир, кој пренесува дека член на Влада дава оставка. Во случајов кога премиерот не ја доставил до спикерот, Џафери е должен тоа да го праша – каде е оставката на Филипче, која Заев си ја чува во фиока, за да си го работи својот пи-ар. Спикерот, исто така е должен веднаш да ја достави оставката на член на Влада до пратениците – што во случајов не е направено. Истата таа оставка се констатира од страна на пратениците без расправа, бидејќи тоа е морален чин – еднострана изјава на волја, која е неотповиклива“, рече претходно Апасиев.

На почеток