Системот за попишување и веб страната на Државниот завод за статистика биле цел на хакерски напади, а за ова добиле пријава и во полицијата. Заводот за статистика извести дека без пречки тече попишувањето. Но, пратеникот на Левица, Борислав Крмов, тврди дека сепак, проблеми има. Тој останува на ставот дека се спрема фалсификуван попис.
„Денес попишувачите имале проблем да се вклучат на мрежата, лаптопите им правеле проблеми и воглавно запишувале само име, презиме и ЕМБГ. Најверојатно планот е потоа од дата базите да го пополнат останатото. Неспособни се и фалсификат да направат. Не смееме да попуштиме, мора да засилиме! Не поминува и готово!“, напиша Крмов.
Тој и претходно излезе со информација, дека граѓаните не отвораат врата на попишувачите. Повикува и натаму да продолжат така.
„Нека не ве лаже овој Апостол, ткн. попис оди тешко, народот дава силен отпор и не отвора врата! Народот не само што не отвора врата туку и на клоци ги бркаат попишувачите. Посебно во руралните средини отпорот е многу силен. 4 дена апликацијата не им работеше воопшто, а моментално ја буткаат со огромни проблеми. Покажува погрешни податоци, паѓа цело време и дури и дневни извештаи не добиваат како што треба. По наши информации нешто блиску двесте илјади имаат попишано за 8 дена и тоа со големи грешки, а тоа е премалку!“, напиша Крмов.