Коментари

Апасиев: СДС ќутенката се обиде да препише дел од програмата на Левица, ама им направивме финта..

Откако Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата соопшти дека по предлог од пратениците од парламентарното мнозинство на дневен ред на денешната седница се и дополнувањата на Законот за облигационите односи, со чии измени каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, реагираше пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев. Тој тврди дека СДСМ ја препишува дел од Изборната програма на Левица од 2016 и 2020 година, насочена кон тоа што тие го викаат „антилихварско законодавствo“

„Вчера, СДС на Нашата Земја, се обиде ќутенката да препише дел од Изборната програма на Левица (од 2016 и 2020) насочена кон она што ние го викаме антилихварско законодавствo. Арно ама, јас и пратеникот Крмов, им напраивме една финта… Поднесовме писмено известување до спикерот дека се приклучуваме кон доставениот материјал, така што – формално правно – и ние сме предлагачи на овој добар закон, кој го донесовме со 80 гласа, а кој е буквално прекопиран од нашата програма (оти само ние од сите партии го имавме ставено како предизборно ветување). p.s. Законот предвидува т.н. забрана на АНАТОЦИЗАМ – неможност за течење камати на каматите! Ова е првиот чекор кон кршење на прангите на должничкото ропство на граѓаните, кога за главен долг од 500 ЕУР требаше да плаќаат и до 5.000 ЕУР!? По доаѓањето на власт, ваквите регулативни мерки насочени против лихвобанкарите, а во корист на народот, ќе станат наша и ваша реалност“, напиша Апасиев.

На почеток