Актуелно

Предизборно бетонирање во Карпош за профит на урбаната мафија, алармира Ристовски кандидат на Левица

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош на Левица алармира за предизборно бетонирање во Карпош. Тој смета дека Карпош е дел од првите три населби каде урбаната мафија профитира пред одржување на локалните избори.

„Во медиумите се прошири веста дека на три месеци пред изборите, во јули годинава, биле издадени одобренија за градба на околу 2000 станови, што е 4 пати повеќе од просечниот број на одобренија што се издаваат на месечно ниво.
И Карпош е дел од топ трите населби каде Урбаната мафија профитира на три месеци пред изборите. Ниту еден градоначалник досега не успеа да стави крај на бетонизацијата на Карпош, а очигледно и пред се, заради личниот интерес и профит. На 60-та седница на Советот на Општина Карпош која ќе се одржи денес, СДСМ ќе прошверцува уште два Детални урбанистички планови. Првата точка се однесува на Планот за градска четврт СС3 02, Блок 06 кој го опфаќа делот на Злокуќани. Другата точка се однесува на Деталниот урбанистички план за Блок 9 од Градска Четврт ССИ 03 на делот помеѓу Општина Карпош и Општина Чаир.
✔️ Јас како кандидат за градоначалник се обврзувам да спроведам:
📌 Ревизија на сите спорни ДУП-ови.
📌 Забрана за продажба на државно/општинско земјиште.
📌 Забрана на изградба на станбени згради во централниот дел на општината.
📌 Развој, урбанизација и ширење кон периферијата на општина Карпош.
📌 Планирање и хуманизација на просторот“, напиша тој.

На почеток