Актуелно

Војната меѓу Груби и Села трае, вицепремиерот избега од новинарите без одговор што направил за семејствата на жртвите од Тетово

Вицепремиерот Артан Груби и висок претстасвник на ДУИ избега од одговор на прашањето што направил тој за семејствата на жртвите од трагедијата во Тетово каде изгоре модуларната болница. Наместо тоа, тој се осврна да му „врати“ на Зијадин Села кој го обвини дека се шетал на местото на несреќата за ситни политички поени.

„Вистинското прашање е зошто Села не го прашал Христијан Мицкоски што барал на 27 април во Собранието и зошто не побарал извинување за тоа што му се случи. Тоа е прашњето на кое Села треба да даде одговор и да им објасни на гласачите зошто за потребите на Таравари, за да се натпреварува во Гостивар, ја жртвува кариерата која ја изгради врз основа на настаните на 27 април каде Мицкоски беше дел од толпата која навлезе во Собранието. Второто прашање е зошто Села и Таравари не биле во Тетово да ги посетат семејствата, да го посетат местото каде се случи невидена трагедија и зошто не направија ништо да им помогнат на семејствата, туку ја злоупотребуваат трагедијата за ситни политичики поени“, рече Груби бегајќи од камерите без одговор што направил тој за семејствата на жртвите.

На почеток