Македонија

Мицкоски не е сигурен дека пописот ќе биде успешно спроведен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека пописот има недостатоци. Тој вели дека попишувачи ја враќаат опремата поради проблеми, но не посочи какви. Се сомнева дека пописот ќе биде успешен.

Од она што знам има многу турбуленции, недостатоци и системот паѓа, луѓе ја враќаат опремата, бројката и динамиката која што се спроведува на терен од оној лимитиран број на информации кои што ги добиваме, неофицијални се разбира, не гарантира успешно спроведување на оваа статистичка операција, рече Мицкоски.

Но, ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме свој став и јас тој став го кажав јавно, но за жал имаме неспособна институција и неспособна влада. Тоа е проблемот во државата. Затоа проблемите не треба да ги одлагаме, туку веднаш треба хирушки прецизно да ги отстраниме, а тоа ќе се случи уште на овие локални, вели Мицкоски.

На почеток