Македонија

Боки 13 бил однесен на преглед во болница кога го сликале сред Центар

Осудениот Бојан Јовановски ака Боки 13 бил носен на контролен преглед во Градската болница од страна на полицајци за спровод. Според извори на „Скопје1“, нему прегледи му се прават секој месец, по наредба односно одобрение на Кривичниот суд. Овој месец, по едно одложување поради тоа што беше заразен со коронавирусот, тој денеска бил спроведен од двајца полицајци.

За потсетување, Боки 13 беше фотографиран спроти Зеленото пазарче, како чека на пешачки премин. Позади него стојат двајца полицајци кои го придружуваат. Најверојатно поради големите гужви и посебниот сообраќаен режим, полицајците за спровод не можеле да го однесат Боки 13 до влезот на болницата.

На почеток