Горан Алачки влегува во игра за избор на градоначалник. Тој е уште еден музичар кој на претстојните избори ќе се обиде да добие градоначалничка функција, кандидиран од Интегра-Македонска конзервативна партија, за Општина Берово.
„Во Берово наш кандидат е маестро Горан Алачки. Се враќа во Берово, тој живее таму и сака од Берово да направи еден поинаков лик, една поинаква средина. Тој е интернационално познат насекаде на планетата земја, нема континент каде што не ја раширил македонската традиционална музика. Тоа е човекот кој што гори со своето срце за својот народ и за својата татковина, а сега тоа ќе го покаже на дело и за беровчани од каде што како концентрични кругови ќе се шири таа визија и таа творечка енергија низ целата источна Македонија“, изјави лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски.