Македонија

Николоски: Заев е главата на мафијата, ако падне главата, ќе падне цел систем

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа се осврна на повеќе теми, како и на актуелната со ситуацијата во Тетово каде изгоре модуларната болница.

„Ќе бев изненаден да си заминеше од функцијата Венко Филипче затоа што тој стана моторџија кога почна да се дружи со Заев. Тоа полтронство нема крај. Начинот на функционирање не само на Владата на Заев, туку и на целиот круг на Заеви е на криминално-мафијашка основа и таму се знае ако падне еден, паѓа системот, така е во мафијата, така е и кај нив“, рече Николоски.

Според него оставки во оваа влада нема да има, падот ќе се им се случи по локалните избори.

„Тие не го сфатија случајот во Тетово сериозно, веднаш отидоа таму, направија пиар, па имаше притисок и ај Филипче ќе даде оставка. Ама ништо од оставката. Тие се спремни на се, само не и да ги чепнат луѓето од најтесниот круг. Така што овде оставки нема да има. Нив им треба да превеслаат уште 6 работни дена, потоа Собранието не заседава почнува кампања. Очекувам овие денови да сечат ленти, да ветуваат проекти, вработувања, но не им поминува тоа веќе кај граѓаните“, кажа Николоски.

Коментирајќи ја изјавата на Заев дека нема намера да даде оставка, Николоски рече: „Заев е главата на мафијата, ако падне главата, системот ќе падне цел систем. Заев одговори нервозно дека нема да си оди од функцијата затоа што знае дека паѓа. Кој по ваков случај ко овој со модуларната болница во Тетово која изгоре останува на фотеља“.

Николоски посочи дека истрагата ја води тетовско обвинителство, а тоа е како да си во штаб на ДУИ.

„Еве десеттина дена поминаа, а нема ништо во јавноста. Нормално е да изразуваме сомнеж за истрагата“, рече Николоски.

Според него интересна ќе е истргата за модуларните болници.

„Тука има прашања по неколку основи. Прво, дали согласно закон, проектот за ковид центри го правела лиценцирана компанија со А лиценца или тн. проектна единица во минситерство за здарсвтво, ние имаме сознанија дека е второто што е спротивно на закон. Второ, никој не покажа дека имаат атест за квалитет на материјали, трето, противопажерен систем немало, четврто, за евакуација план немало, и петто, сите знаеме кој ги градеше болниците“, кажа Николоски.

На почеток