Коментари

Се бара слобода за организаторот на тетовскиот протест: Единствена одговорност од трагедија понесе тој

Сценаристот Божидар Божиновски, кој е популарен на социјалните мрежи и критичар на општествените неправди, го искоментира приведувањето на организаторот на протестот во Тетово, кој заврши со напад на полицијата, но и седиштето на ДУИ. Тој смета дека приведувањето е неправда.

„Десети ден од трагедијата во Тетово. Директорот и економскиот директор воопшто не поднеле оставки, планината си држи пресови, недокваканото чека истрага. Единствена одговорност од настаните што произлегоа од трагедијата досега има за организаторот на протестот, Блерим. Тетовчани го прават она што треба сите да го правиме. На улица до правда! Затоа што сега беше Тетово, можеше да е Битола, Струмица, Скопје, Куманово. Сега жртви беа луѓе што не ги знаеме лично, утре можат да се наши блиски, пријатели, ние. Уште колку треба да настрадаат? Слобода за Блерим, правда за жртвите и оставки!“, напиша Божиновски.

На почеток