Откако Владиката Петар изјави дека невакцинираните се потенцијални самоубијци кои нема да влезат во царството небесно, лавина од реакции се објавени на социјалните мрежи. Воглавно, се критикува изјавата на Владиката. Тој кажа и: „Нашата црква не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но ние сме за тоа дека секој треба да се имунизира, оти вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот.
Дел од реакциите:
А ќе може со ПЦР тест во рајот или само со вскцинален сертификат што вика владиката Петар?
— 💫КроКо💫 (@DonRoko1) September 18, 2021
Владиката Петар ја смени песмата.
— Speckled Jim (@Schiffer_PG14) September 18, 2021
Владиката Петар пак реши да глуми доктор.
Арни му се џиповите и парцелите.
— Fever ☣🦠😷💀 (@deadwronger) September 18, 2021
Владиката Петар одлепи. 🙂
— Мијакот 💉 (@Mijakott) September 18, 2021
Владиката Петар глуми Св. Петар. 🙄
Јебалаве дискриминација, Боже ме опрости!
— Хортикултурна (@svoja_na_svoeto) September 17, 2021
Владиката Петар порачува:
Вакцинирајте се да можете да се причестувате со едно лажиче! pic.twitter.com/xwsJUGLFUa— Нервозната (@toopersonal_1) September 17, 2021
Целата изјава на Владиката Петар:
– Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно. Јас го прележав ковидот и сега зборувам како човек кој ја искусил болеста. Јас бев во тешка здравствена состојба и само јас си знам како ми беше – истакна владиката Петар.