Коментари

Мојсоска: В.д. директорот на тетовската болница е назначен во 2010, а законски не може да е на позицијата повеќе од 6 месеци

Генералната секретарка на Левица, Јована Мојсоска, објави дека в.д. директорот на Тетовската болница кој јавно кажа дека дал оставка, а всушност не ја поднел, е поставен на позицијата уште во време на ВМРО-ДПМНЕ, коа коалицираа со ДУИ.

„Директорот на тетовската болница од ДУИ, Флорин Бесими, е назначен за вд директор од декември 2010, за време на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Бесими се’ уште се води како вд директор, иако Законот за здравствена заштита предвидува максимум 6 месеци за оваа позиција. Во меѓувреме, ДУИ на локални избори ќе оди со слоганот “Изберете живот, гласајте зелено”. Северна in a nutshell“, напиша Мојсоска.

На почеток