Актуелно

Заев: Има кадри кои можат да ме заменат, секој е заменлив

Премиерот Зоран Заев прашан дали тој е незаменлив штом не поднесува оставка, посочи дека СДСМ е демократска партија и има квалитетни кадри кои можат да го заменат. Тој посочи дека моралната одговорност за трагедијата со изгорената тетовска болница е испорачана од директорите и министрите. Не одговори зошто не ги прифатил оставките.

„Мислам дека ниту е соодветно на почитта кон пензионерите, ниту кон манифестацијата. Во духот на тоа што секогаш сум одговарал, пак ќе одговарам. СДСМ е демократска партија. Има квалитетни кадри кои можат да заменат. Секој е заменлив, вклучително и мене. Сигурно и вие приметивте дека стана банално сето ова. Моралната одговорност е испорачана од страна на директорот, заменик министерот, министерот“, рече Заев.

На почеток