Актуелно

ВИДЕО: Пензионерите не дозволија прашања до премиерот Заев, гласно викаа кога новинарите прашуваа

Пензионерите со „У-А“ и гласно негодување не дозволија да се поставуваат прашања до премиерот Зоран Заев на одбележувањето „75 години од основањето на Сојузот на здруженија на пензионерите“. Тие беа револтирани бидејќи се прашува на други теми, а не е ништо поврзано со нивото обележување.

„Ве молам, ве молам ако може, фала“, ги замоли Заев пензионерите, кои викаа во салата и негодуваа на прашањето.

„Новинарите имаат должност да прашаат, јавноста ги интересира оваа работа“, рече Заев до пензионерите кои продолжија да негодуваат.

Бидејќи никој не можеше да го смири револтот, Заев излезе надвор да дава одговори на новинарски прашања. Ова беше поздравено со аплауз.

На почеток