Македонија

Во градинките се заразени 13 воспитувачи и 9 деца, Шахпаска тврди дека состојбата е стабилна

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска тврди дека коронавирусот не се шири низ градинките. Заразениот кадар кој вработи во нив, како и децата, според неа, не се заразиле со хоризонтална трансмисија. Состојбата во овие воспитни домови ја оцени како стабилна.

„Состојбата со градинките е стабилна. Цела година се одржува како таква. Се информирав дека само 13 воспитувачи се позитивни во целата држава и само 9 дечиња. Дополнително во изминативе 7 дена направивме и вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ. Нивниот извештај кој што е испратен до нас е дека протоколите се почитуваат, дека нема трансмисија на вирусот во градинките“, рече Шахпаска.

На почеток