Македонија

Коњот кој трчаше сред автопат и го бркаше полиција е однесен во станица, сопственикот доби кривична

Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје.

– Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Скоро пет минути, полиција бркаше избеган коњ на автопатот Скопје-Тетово, кој трчаше во спротивен правец и можеше да направи низа на сообраќајни несреќи. Автомобилите кои возеа по првата лента, навреме го забележаа животното, за да избегнат сообраќајка.

По две минути, се активираше и полицијата која беше приндена да вози во спротивен правец за да го застане коњот. Имаа неколку обиди, но беа залудни. Тој застана по скоро пет минути трчање. За среќа, избегната е трагедија.

На почеток