Актуелно

Филипче: Секој од нас е заменлив. Никој не е венчан за функцијата.

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека е заменлив, како и секој друг функционер кој е на функција. Тој одби да коментира било што поврзано со изгорената тетовска модуларна болница, во која загинаа 14 пациенти кои беа на лекување. Посочи дека Обвинителството и истражните органи треба да ги дадат сите информации, по што, ќе биде отворен и тој да зборува за сѐ.

„Секој од нас е заменлив. Никој не е венчан за функцијата. Тоа е мојот став во однос на се“, рече Филипче.

Истрагата трае веќе петнаесет дена, засега нема информации што е откриено, како дошло до тоа болницата да се запали и да изгори. На неа работи Основното јавно обвинителство, додека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја проверува документацијата и начинот на набавка на сите модуларни болници

На почеток