Граѓаните не се воодушевени од купувањето на Топлификација која ќе стане уште една приватна фирма на Ванчо Чифлиганец. Односно, не се воодушевени барем оние од „Твитер“. Низа критики стигнаа, шеги, но и загриженсот. Но повеќе од јасно е дека мислењето на јавноста нема да ја промени ситуацијата на терен. Во продолжение, дел од коментарите:
Еве ги квадратите што фалеа у секоја зграда на Чифлиганец. 😁 pic.twitter.com/4RCZVidPeJ
— Malista Pulikala (@malistaPulikala) September 23, 2021
Чифлиганец ги зголеми квадратите на стамбените објекти, пошо Топлификација наплаќа од метар квадратен.
— сезнајко (@seznajko3) September 23, 2021
Ова не смее да се дозволи!! .Сите ќе плаќаме повеќекратно, колку и да звучи убаво на почеток. Дополнително капитал е крајно сомнителен. Телма дознава: Чифлиганец за 9,3 милиони евра ја купува Топлификација – https://t.co/HCnWOD0Z5Y
— Марко Трошановски (@MarkoTroshan) September 23, 2021
Градоначалникот на Бања Лука за несовесно работење го избрка директорот на Водовод одма пред медиуми пред све.
Ние чекавме директорите на Топлификација да ја пропаднат за да му ја шитнеме на Чифлиганец.
Па браво!— 💉Ej Brej💉 (@Gogiche) September 23, 2021
Загубарот Топлификација АД во рацете на Чифлиганец 👏👏👏
Не се наситивте багро криминална 🤮 https://t.co/YizKkzmbvT
— Бемка (@B1PcG6cyiRrcoTr) September 23, 2021
Чифлиганец ја купил Топлификација. Регулаторната комисија за цена на парно уште сега се радува на митото
— ПрофилПредВремето® (@Rebrendiran) September 23, 2021
вашите напатени душички наскоро ќе ги грее чифлиганец и сори за ваквиот ладен жбрц.
— Bisera (@zamislena) September 23, 2021
Да му ја даам алфава на Чифлиганец за 20000 еура?
— Santino (@020by007) September 23, 2021
Додека во светот расте финансиската криза поради ковид пандемијата јас со моите директни линии на комуникација со господинот Ванчо Чифлиганец успеав да постигнам договор за повторно отварање на Велешката Топилница. Гласајте за Велес, гласајте за Клементина Пажнијакова! https://t.co/OwscM4JiVB
— Клементина Пажнијакова (@pazhnja) September 23, 2021
Мијалков го заменивме со Чифлиганец.
Нели не се исплатеше загревањето на домовите? https://t.co/PCaqCYeHSt— 100Le (@baljumbaljum) September 23, 2021
„Адора“ ја купува Топлификација која е во стечај за 9,3 милиони евра, објави Телма. Со тоа станува сопственик на двете топлани Исток и Запад и целиот имот на Топлификација запишан во стечајната маса. Информацијата за Телма ја потврди и стечајниот управник на „Топлификација“ Богољуб Макревски и Адора.