Актуелно

„Нѐ понижуаш, ја газиш историјата“, Димитриевски со тешки зборови до Заев

Некогашниот пратеник од СДСМ и сегашен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, кој ќе настапи сам на претстојните избори, се огласи јавно по изјавата на премиерот Зоран Заев кој кажа дека ќе се брише „бугарски“, а ќе остане „фашисти“ на спомениците и во учебниците. Димитриевски му порача на Заев дека ги пониужува сите и ја гази историјата.

„Има ли крај на оваа самопонижување? Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не’ понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и се’ уште се антифашисти.На 11-ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска Спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен Премиер. Сега молкот е повеќе од срам!“, напоша Димитриевски.

На почеток