Македонски полициски службеници се фатени со голема количина дрога при обид за влез во Црна Гора. Службеници во царинската испостава Сукобин, во координација со Полициската управа, при контрола на патничкото моторно возило, пронашле поголема количина на растителна материја за која постои основано сомнение дека се работи за наркотици, ова го објавува црногорската влада преку своите институции а се однесува на инцидентот во кој е инволвирани возило во кое биле високи функционери на МВР од Скопје.
“Возилото со регистарски таблички на Република Македонија се движело од правец на Албанија кон Црна Гора, а супстанцата, спакувана во неколку поединечни пакувања, била пронајдена во скриен бункер на возило наменето за криумчарење.
Екстехничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев прашува: „Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?! Повторно ли Наќе е крив?“
Од МВР официјално го потврдуваат случајот, посочувајќи дека станува збор за претходно запленета дрога која останала во возилото.