Актуелно

Герасимовски: Ја решаваме бучавата во Капиштец и градиме монтажен паркинг

– Капиштец добива нови инвестиции, сите креирани според потребите на граѓаните. Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски од блиските средби со граѓаните на Капиштец ја креираше програмата според нивните побарувања.

Најголемите предизвици во Капиштец се однесуваат на намалување на бучавата за што подготвивме нови правилници како и недостатокот на паркинг места, вели Герасимовски.„Во Капиштец инвестициите ги насочуваме кон зголемување на резидентните паркинг места за што граѓаните имаат огромна потреба, а со продолжување на монтажниот паркинг на улица „Народен фронт“ обезбедуваме повеќе од 200 нови места за паркирање. Ова сериозно ќе го намали сообраќајниот метеж и ќе придонесе кон поорганизиран и безбеден сообраќај во овој дел од општината. Во Капиштец планирано е и лед осветлување и поставување „смарт“ паркинг со показатели на слободни места на паркингот“, изјави Герасимовски.

Герасимовски најави и чуварска служба и патроли за заштита на парковите како и реконструкција на детските игралишта во паркот во Капиштец и Зебра. Преку градежната офанзива најави реконструкции на ул. „Елисие Поповски“, „Антон Панов“, „Шарски одреди“, „Киро Гавриловски“, на дел од ул. „Загрепска“ и улица „Козара“ која ќе стане целосно резидентна, а целосно резидентни стануваат и сите сервисни улици во Капиштец. Како човек кој израснал во Капиштец

Герасимовски потенцираше дека е целосно запознаен со проблемите во овој дел од општината и ги има вистинските решенија за сите потреби на граѓаните. За крај повика на правилен избор од кој победници ќе бидат граѓаните, а не партиите.

На почеток