Матичниот доктор, Ненад Лазаров, смета дека да се откажат барем завршните митинзи на партиите, кога традиционално пред локалните избори, ги има најголемите гужви. Според Лазаров, тие пари, партиите треба да ги донираат, а тоа би бил најдобар маркетинг за нив.
„Откажете ги барем завршните митинзи, има време за тоа, со парите купете и донирајте заштитни маски и опрема за медицинари, хигиенски средства и филтри за воздух за училиштата, хигиена и заштита во јавен превоз, народни кујни и тн… Нема подобар маркетинг од ова а воедно ќе покажете дека ви е стало до народ и дека разбирате дека митинзи не се безбедни. Ова игнорирање на ковид кризата е психопатологија, ќе ни се врати ко бумеранг“, напиша Лазаров.
