Премиерот Заев вели дека е недозволиво да се пука на митинзи, како што на стартот на политичката кампања се случи на митингот на ДУИ во Чаир. Заев вели дека политичарите се лажат доколку мислат дека така се привлекуваат гласови. Според него, така само се губат гласови.
Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања го повика Министерството за внатрешни работи да постапува по случајот.
Инцидентот се случи на стартот на кампањата кога на митингот на ДУИ во Чаир при претставувањето на кандидатите се слушаа истрели од огнено оружје.