Актуелно

„Бутел стана Тексас, вака не било никогаш“, Костовски потсети дека има куп нерасветлени убиства

,,Бутел стана Тексас, вака не било никогаш. Има еден куп нерасветлени убиства, обиди за убиства и пукања, да не ги штитите вие, зошто се нерасветлени, да не сте другари?” – ова денеска го запраша Дарко Костовски кандидатот за градоначалник од СДСМ за Бутел Велимир Смилевски на соочувањето во Студио 10 во Телевизија 24 помеѓу двајцата кандидати за градоначалници на Бутел.

Костовски кажа дека целото опкружување на Смилевски се состои само од криминалци и дека токму тој е оној што го уништил соживотот во Бутел кој претходно го ветувал за време на својата кампања.

,,Не е проблем тоа што Велимир Смилевски се дружеше со криминалци, проблемот е што тие ја водат општината. Јас ова го кажувам не за да го имам како мисла во моментот, туку ова е ноторен факт. Не постои човек во Бутел што ова не го знае и тоа го гледам на терен. Прво нешто што ми забележуваат граѓаните на Бутел е дека Велимир не изгради ништо, а втората работа е дека цело време е опкружен со криминалци.” – рече Костовски.

Костовски пренесе и порака од своите сограѓани Албанци со кои се сретнал во изминатиов период, дека ќе гласаат за ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата поради тоа што Велимир Смилевски општината ја претворил во приватна сопственост во која шефуваат криминалци.

На почеток