Избувна голем пожар и делумно го уништи индустрискиот, таканаречен железен мост кој ги поврзува двете римски населби Остинезе и Трастевере, пренесува агенцијата Анса.
Пожарот избувнал синоќа нешто пред полноќ, а пожарникарите успеале да го локализираат околу еден часот утрово.
“Heartbreaking." #Rome's iconic Ponte dell'Industria – better known as #pontediferro – was gutted in a massive fire last night.
👉 https://t.co/eS9rFAIulW pic.twitter.com/mNQ4GrQ2f9
— Wanted in Rome (@wantedinrome) October 3, 2021
Според првичните информации нема жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал во касарната на бездомниците под мостот, по што дошло до „стампедо“ на луѓе кои биле во околните ресторани и барови.
Пожарот загрози и дел од гасните инсталации, па снабдувањето со гас, електрична енергија и вода беше исклучено како мерка на претпазливост, поради што трите римски населби останаа без снабдување со основни извори на енергија.
This night in #Italy Rome's "#IronBridge" across the Tiber River caught huge fire and collapsed#Disaster #fire #catastrophe pic.twitter.com/133glKa9cT
— Disaster (@Disastervid) October 3, 2021
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, го посети местото на несреќата и во таа прилика изјави „дека најважно е што нема човечки жртви, но тажно е да се види дека е уништен дел од историјата“.
Пожарот изгоре дел од мостот и се урна во реката Тевера, а останува да се утврди дали основната конструкција е оштетена или мостот ќе мора да се сруши поради оштетување.