Актуелно

Реџеп Исмаил: Скопје повторно ќе биде црвено, Левица ќе биде во советите

Реџеп Исмаил – Носител на советничката листа во Скопје од Левица, на собирот на партијата во градскиот парк им порача на присутните дека главниот град повторно ќе биде црвен, односно дека тие ќе влезат во советите каде имаат свои кандидати.

“На првите локални избори после Првата светска војна, токму во октомври 1920 година КПЈ и работниот народ во Скопје со над 50 отсто од гласовите – победува, и на скопските улици во поворка се скандира – да живее црвено Скопје! Во трите месеци пред да ја забранат партијата, на 12 седници се носат радикални мерки за домување, комунална инфраструктура и социјална политика. Како во октомври 1920-та, така и овој октомври – на 17-ти ќе отпочне радикален пресврт и Скопје ќе го освојат црвените. И Скопје повторно ќе биде црвено, Левица ќе биде во советите! Да живее црвено Скопје!”, рече Реџеп Исмаил – Хактан.

Инаку, Реџеп Исмаил – Хактан е активист, член на ДСП Ленка, основач и член на президиумот на Левица, дел од уредничкиот тим на Антропол. Дипломиран и магистриран политиколог по применета политика на Правниот факултет во Скопје, со фокус на трудова политика. Долгогодишен работник во приватен сектор, тековно вработен во ИТ секторот, преведувач и толкувач од турски на македонски јазик и обратно. Страствен љубител на фудбал, планински врвови и есктремни височини.

На почеток