Скопје

ВИДЕО: Матка е магнет за туристи, но и скопјани кои ги избегнуваа гужвите од маратонот

Матка и во есен е преполна со туристи. Воглавно странци, кои кога ќе дојдат во Скопје, прво одат да го посетат кањонот. Сончевото време дополнително ги стимулираше скопјани да го искористат денот за шетање. Единствен проблем е паркингот, особено што скоро сите посетители сакаат со возилата да пристигнат до последната точка каде што е можно, за да не одат пеш.

Денеска тие што сакаа да ги избегнат гужвите низ градот поради посебниот режим на сообраќај поради маратонот, отидоа на десетина километри настрана, каде беше многу помирно, далеку од градските гужви.

Кањон Матка e кањон на реката Треска, десна притока на Вардар, зафаќа површина од околу 5.000 хектари и се наоѓа на 17 километри југозападно од Скопје. Според морфогенетските карактеристики претставува клисура-пробојница. На овој простор посебно внимание заслужуваат карстните форми. Тоа се десетте пештери со должина од 20 до 176 метри и двата пропасти со длабочина до 35 метри.

Нѐ случајно кањонот Матка се најде во репортажата на британски „Гардијан“ меѓу десетте најубави европски кањони.

На почеток