Сите заинтересирани кои едно време голтаа пропаганда и манипупација, наддава и лицитираа со тоа што се случува и што ќе се случува на рочиштата во случајот со „Меѓународен сојуз“, одеднаш станаа комплетно незаинтересиран да ги следат главните расправи во кои се објавуваат докази за безобразната правна небулоза по команда на Вилма Русковска, пишува Фросина Ременски на Фејсбук.
„Небулозата е во „фатаморгана случајот“ или коска за гладни кучиња. Во кривичното право и во правната држава која ја прокламираме оваа незаинтересираност носи назив „Тајно делување на правдата“.
За да нема тајни, еве неколку реченици за последното рочиште што се оддржа во среда:
Рочиштетот во средата се одджа по (без малку) 90 дена. За него немаше НИКАКВА информација во јавноста – исто како за претходни две одложени рочишта.
ПР-центарот во ОЈО ГОКК задолжен за (де)брифинг, „контролирана тајност на истрагите“, дефокуси и ексклузиви, има задача да комуницира со „неколкумина кои први дознаваат“, кога треба, а кога не треба да се оди и известува од рочиштата – „нормално“, за да се сокрие срамот на ОЈО ГОКК и нивниот партнер МВР. Тоа му личи како комуникикацијата на Вилма Русковска со Бојан Јовановски во која таа „професионално брифира кого ќе апси, приведува и каде ѝ требаат екипи“ Бројот на чевли и дизајнот на шеширите не се дел од ПР-стратегијата за (де)фокус.
На рочиштетот јас ги изведов како круцијални докази -те видео снимки во вкупно траење од близу 35 минути во кои експлицитно се гледа In Flagrante НЕЗАКОНСКИОТ ВЛЕЗ ВО МОЈОТ ДОМ И ПРЕТРЕС БЕЗ НИКАКВИ УСЛОВИ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕТРЕС на 09.10.2019 година
Ова кршење на уставната гаранција на неповредливост на домот (чл.26 од Уставот) видено од снимките го вршат:
Белкија Решити (истражител кај Вилма, сега заклонет во Финансиска полиција);
Билјана Целевска (истражителка кај Вилма и заклонета во МВР)
Сашо Николовски (инспектор во МВР)
Сашо Томевски (инспектор во МВР)
Вацлав Лукиќ (инспектор во МВР)
Јахона Сулејмани (инспектор во МВР)
Валентина Димчевска (инспектор во МВР).
по незаконита наредба на извршителката Вилма Русковска, а по писмена нардба на уценета судијка на претходна постапка Весна Димишкова.
Во Судица владееше шатам во текот на гледањето на видео материјалот , со мал прекин во вид на шега дека: „Mачорот Тоби влезе дома, заедно со наведените и очигледно бил улога на сведок во претрес“(види слика)
Возбудената ЈО Трајчева се обиде да ми „поучи“ како да го интерпретирам тоа што го гледам, зошто очигледно таа не сакаше да види. Се осмели да каже дека, не треба да „претпоставувам“ што прават горепосочените во очигледниот незаконски претрес, зошто нормално тоа е голем срам за МВР и ОЈО ГОКК.
Објаснив дека, ако јавен обвинител не знае како изгледа легитимирање на службено лице пред преземање на службено дејствие, тогаш морам да објаснам како изгледа тоа и дека, скрстените раце и раце во џебови на извршители на незаконскиот претрес што се гледа од видео снимките ВООПШТО не соодветствуваат со ФАЛСИФИКУВАНИТЕ со кои Билјана Целевска и Дејан Андонов-Крапот од внатрешна коннтрола ги лажеле судиите, кривичниот совет и сите други – се лажеле себеси со надеж дека овој In Flagrante никогаш нема да биде виден
Можам да ги идентификувам извршителите, затоа што јас побарав тие да се легитимираат со број на значка и име/презиме откако дојдов и ги затекнав во претурање по документи кои немаат врска со „Меѓународен сојуз“
Продолжив и завршив со презентирање на видео материјалот.
Судијата се погрижи за „заштита на мојата приватност во прегледот на видео материјалот“ кога објасни дека на снимката се гледа и моето малолетно дете на кое не му е дозволено да си влезе дома.
Не барав исклучуваање на јавноста, бидејќи освен претставници на мисијата на ОБСЕ и претставници на коалицијата „Сите за правично судење“ немаше ниту еден медиум да види или да излезе со наслов за тоа што гледа, бидејќи на едно од рочистата за „Рекет“ сите „видоа“ и пренесоа дека, „за време на сведочењето ѝ застанал часовникот на госпожа Ана Камчева“
Судијата дозволи да забележам дека, не побарав исклучување на јавноста како мое права, дека видео материјалот не е воена тајна и дека моето малолетно дете не се сослушува како обвинето или жртва во судница
На крајот на рочиштето на Судот му се обратив во врска со мојот допис доставен на 29.09.2021 година до Судијата во кое експлицитно и конкретно укажувам дека, ОЈО за ГОКК (од прв до последен), во извршителска дружба со главните за прикривање и фалсификување на криминалот во МВР, и по обидот за очигледниот незаконски влез во дом виден во , ВРШАТ ВЛИИЈАНИЕ И ЗАПЛАШУВААТ МОИ СВЕДОЦИ ВО ПОСТАПКИ
Потсетив – Судот писмено е информиран дека, ОЈО ГОКК во текот на целата моја доказна постапа (4 рочишта) ВРШИ ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ДОКАЖУВАЊЕТО и ВЛИЈАНИЕ И ЗАКАНИ ВРЗ МОИ СВЕДОЦИ
Да биде јасно, ќе повторам зошто ОЈО ГОКК го прави ова – затоа што јас не побивам докази на ЈО за некаква моја инволвираност во „незаконски дејствија и Меѓународниот сојуз“, бидејќи докази нема. Но, побивам фалсификувани документи од МВР и ОЈО ГОКК за злоупотребите и незаконитиот влез и претрес во мојот дом во кој СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ И СТРАНИЧНИ ИГРАЧИ ЈА ШТИТАТ ВИЛМА РУСКОВСКА ОД ОДГОВОРНОСТ за незаконски издадените наредби за влез дома и директното мешање во надзорната функција над УБК/АР на пратеник во тек на реформа на УБК
Ако ОЈО ГОКК за влијание и заплашување на сведоци бара притвор за обвинети, напоменав дека Судот е должен да го испита и спречи влијанието на јавното обвинителство од позиција на моќ и сила да попречува докажување и на нивните злоупотреби.
Судот извести дека, со пропратен акт известувањето е доставено до ОЈО ГОКК и ја повтори обврската и за јавното обвинитество да се држи на линија на законот.
Рочиштето заврши околу 14.00 часот.
Бидејќи овој последен пасус отвара уште една димензија на организираното приикривање на злоупотребите на МВР и ОЈО ГОКК, во следен статус ќе Ви објаснам како работи „параполициската машинерија за организираното прикривање на режимскиот криминал во кој како извршител влегуваат и продолжените дејствија на Вилма Русковска“
Ќе видите како во овој институционализиран организиран криминал откривачите на криминал и злоупотреби стануваат непожелни и жртви на својата доследност и професионалност, а како криминалците и маскираните режимски професионалци стануваат зааштитени мечки. Ова последното помалку ќе ми пречење ако не беше поддржано од сите кои требаше да донесат промени за кои се боревме до и по 2016 година
Продолжува …
(Слика – мал дел – незаконски влез во дом, заради вршење претрес и “службен фалсификат” дека, свекрва ми Милка била на претресот, а мене лично ми ја дале наредбата пред претрес).
П.С Нека се најде еден полицаец од ФБ заедницата и нека ми каже дека вака може„, стои во објавата на Фејсбук.