Серијата земјотреси и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси направија хаос, а бројот на жтвите се искачи на 832 луѓе.
Се започна на 28 септември кога за само неколку часа Индонезија ја погодиjа три земјотреси и цунaми. Од првиот удар до цунамито поминаа осум часа, но жителите не беа спремни за катастрофа. Властите во текот на денот најпрво објавија предупредување за цунами, но подоцна го повлекоа.
Поради опасноста од нови потреси голем број од луѓето спиеја надвор, а пациентите беа лечени надвор од зградата на болницата.