Во тајфунот кој во саботата го погоди јапонскиот остров Окинава, се повредени најмалку 17 луѓе.
Како што јавуваат медиумите, Тами достигнува брзина од 216 километри на час, а најголемиот удар се очекува во понеделник наутро.
На фотографиите може да се забележат скршени гранки и дрва кои ја блокираат главната улица во главниот град Наха, а во моментов врне силен дожд. Брановите достигнуваат висина и до неколку метри.
Околу 700 луѓе се евакуирани, а без струја се скоро 200 000 домови, велат од радиото НХК.
Откажани се најмалку 386 летови, главно во западна Јапонија.
Западните региони се уште се опоравуваат од најмоќниот тајфун кој ја зафати Јапонија на почетокот на септември. Тајфунот Јеби одзема 11 животи и го затвори аеродромот Кансаи.