Свет

(ФОТО) Меѓународните медиуми го најавуваат пропаѓањето на референдумот

Светските медиуми пишуваат дека на референдумот за договорот меѓу Македонија и Грција, со кој се предвидува промена на уставното име и Уставот на Република Македонија, му се заканува пропаѓање, пишува Курир.мк

„Fox News“ пишува дека од ДИК соопштиле дека излезеноста на референдумот за промена на името на Македонија, е 16 проценти на шест часа пред затворањето на избирачките места.

Македонците гласаат за тоа дали да го прифатат договорот со соседна Грција, според кој ќе го променат името на нивната земја во Северна Македонија и Грција ќе ги избрка своите приговори за пристапувањето на земјата во НАТО, се вели во текстот на „Fox News“.

Во текстот се вели дека Владата, која го распишала референдумот, го стави како необврзувачки, со што резултатот може да се земе како точен одраз на јавното мислење без оглед на одзивот.

Во текстот на „Emerging Europe“ се објаснува за што денеска гласаат граѓаните на Република Македонија, а и се вели дека она што го прави овој референдум уште поважен е фактот што излезноста ќе одлучи за валидноста на резултатот.

-Илезноста на повеќе од 50 проценти би го направил резултатот законски валиден и ќе обезбеди подобра  имплементација на договорот од Преспа. За ова да се случи, од 1.806.000 запишани гласачи, повеќе од 903.000 илјади треба да излезат и да гласаат, се вели во текстот.

Таму се вели дека во еден часот излезноста е помала од очекувањата- само 15,78 проценти. Исто така, потенцираат дека тој период највисока излезност имало во центарот на Скопје, со 26,29 проценти, потоа во Карпош со 23,97 проценти и Крива Паланка во близина на границата со Бугарија, со 22, 36 проценти.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток