Македонија

„Нема потреба за дискусија, Србија немала обврска да го уапси Груевски“

Заменик министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски потврдил дека Србија немала обврска да го уапси и задржи Никола Груевски, кога тој бегал во Унгарија.

Во разговор за српскиот портал „Политика“, Ристовски рекол „Факт е дека не била распишана меѓународна потерница“.

„Колку што мене ми е познато, никој од Владата на Република Македонија не упатил критика за Србија, ниту пак, барал објаснување зошто Груевски не бил уапсен“, рекол Ристовски.

Тој додал дека нема коментар околу новинарските шпекулации, личните коментари на поединци и објавите на социјалните мрежи.

„Повторувам, ниту една од соседните земји низ кои прошол Груевски, пред да биде распишана меѓународна потерница, не била должна, ниту смеела да го уапси за дела кои се направени во Македонија. Не знам зошто воопшто тоа било предмет на дискусија“, рекол Ристоски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток