Македонија

Гостинот на Груевски си дојде во Македонија

Александар Трајковски кој беше фотографиран со Никола Груевски во Будимпешта се вратил во Македонија.

Тој утрово пристигна во Кривичниот суд во Скопје на рочиште за „Насилството во Центар“ каде е еден од обвинетите заедно со избеганиот поранешен премиер, пренесе Плусинфо.

Трајковски само поминал покрај новинарите.

На фотографијата која се појави на социјалните мрежи, се гледа како поранешниот премиер Никола Груевски се шета во Будимпешта, се гледа и Александар Трајковски, советник во општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, партиски акивист и одличен логистичар. Во моментов Трајковски е вработен во царинската управа на Р Македонија.

Скопје1.мк се обрати до царинската управа. Прашавме дали Трајковски во момтов користи одмор, поточно како отсуствува од работа.

Од царинската управа за „Скопје 1“ велат дека Царинскиот службеник Александар Трајковски од 5 ти декември 2018 год. користи боледување, уредно пријавено согласно интерни акти на Царинската управа. Исто така информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа, ниту пак реализирал службено патување во Унгарија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток