Професорката Мирјана Најчевска реагираше на изјавите од новите избрадни градоначалници, кои велат дека ќе спроведуваат нови проекти и ќе градат нови објекти. Таа прашува, дали некој планира да доврши нешто од проектите на претходните градоначалници.
„Сите нови градоначалници нешто ново ќе почнеле. А некој да кажеше дека ќе продолжи или доврши или надгради?
Ова е држава која со секој избор тргнува од нула во развојот и од највисоката претходно достигната точка во апашлукот“, коментира Најчевска.
