Лидерот на Левица, Димитар Апасиев со специфичен, даде свој став за коалицирањето со други партии. Оваа тема е отворена по првиот круг од локалните избори. Понуда е добиена од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер ги повика сите партии во Собранието кои се опозициски да му се придружат.
“Првата политичка партија во која учествувал Кастро е партијата Ортодоксо. Тогаш освојуваат само 2 (две) пратенички места во кубанскиот парламент. Ставот на младиот стратег Фидел е: „Не смее да има никакво коалицирање со партии кои имаат дамки во своето работење! КОАЛИЦИРАЊЕТО ЌЕ ЈА РАЗВОДНИ ИДЕОЛОГИЈАТА. Од тоа корист ќе имаат само нашите ривали“ Кастро (1948)”, напиша Апасиев.
Тој и претходно кажа дека треба обединување за пад на Влада, но не и преку формално коалицирање.
