Скопје

Богдановиќ објави што ќе се гради на местото на бараките кои вчера гореа во Парк

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на социјалните мрежи објави дека на местото каде вчера гореа бараките на поранешен суд за прекршоци, предвидено е да има училиште.

„На ова место и во постоечкиот и во Деталниот урбанистички план кој е во процедура предвидено е да има објект со намена В1 – Образование и наука, односно училиште. Во моментот спроведувањето се одвива по стариот Детален урбанистички план Дебар Маало 2, донесен од Советот на општината со Одлука бр.07-3727/2 од 28.12.2009 година“, стои во објавата на Фејсбук.

На почеток