Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дниела Рангелова денеска е фотографирана како излегла на гласање за референдумот. По неа фотографиран е и координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.
Опозициската партија во текот на предреферендумската кампања не зазеде конкретен став за референдумот.
Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски на поддржувачите им порача секој да постапи како што сака.