Македонија

Христијан Мицкоски нема да гласа на референдумот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање дали ќе излезе да гласа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесе информација дека тоа нема да се случи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прашањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор, вели Стоилковски.

Одлуката за неизлегување преставува законско право и еден од начините за изразување на незадоволство од договорот и вака водениот референсумски процес.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток