Македонија

Познато кој ќе биде амнестиран, нацрт-законот спакуван на три страни

„360 Степени“ објави дека нацрт-Законот за амнестија за крвавиот четврток има пет члена на неполни три страници.

Во членот 1, став 1 и 2, прво се предвидува амнестирање на сите осомничени, обвинети и веќе осудени за кривични дела извршени на 27 април во Собранието. Потоа, во ставот 3 од истиот член 1, се наведуваат исклучоците од амнестијата.

Нацрт-закон за амнестија (Член 1, став 3)

„Одредбите од овој член не се однесуваат на лица осомничени, обвинети, правосилно осудени, како и лица кои издржуваат затворска казна за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на РМ од 27.04.2017 година,… кои до денот на влегување во сила на овој Закон сториле кривично дело Здружување заради непријателска дејност од член 324 ст.1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила или лица кои постапиле спротивно на службените овластувања  при вршење на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста по чл. 313 од Кривичниот законик, убиство по чл.123, насилство по член 386 од Кривичниот законик.“

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток