Македонија

Увозникот на палмите е под истрага на финансиската полиција

Финансиската полиција води сериозна истрага за начинот на набавката на фамозните палми на претходната власт со сомневање за испрани голема сума пари. Но тоа не е никаква пречка за новите локални власти, град Скопје, општините Сарај, Липково, Пробиштип… да набавуваат садници од „Росен центар” од село Стримница, општина Желино.
Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми неодамна во интервју на ТВ21 изјави дека се води истрага за злоупотреба на државни пари при набавката на палмите од страна на ЈП „Македонски шуми“. Муареми вели дека пријавената вредност за садниците од компанијата е многу повисока од набавната цена.

Неофицијално, Буџетот на Република Македонија е оштетен за близу 500 илјади евра само при набавката на 1.100 палми, без податок за дополнително потрошените пари за заштита на палмите, за греење, за заштитни најлони… Инаку, речиси 95 отсто од палмите се исушија.

Според некои податоци, целата сума за набавка на палмите од Кина преку „Росен центар“ не била повисока од 130 илјади евра, а минатата власт прикажала дека исплатила 522 илјади евра… Единечната садница на една палма од 8 метри изнесувала 238 долари, а фактурата до ЈП Македонски шуми била 45.501 денар (околу 740 евра) или со ДДВ 53.692 (околу 873 евра).

Инаку Град Скопје во јуни годинава распиша тендер за набавка на садници, а „Росен центар“ потпиша договор со градот за набавка на садници вреден 85.422 евра.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток