Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се номинирани за Нобеловата награда за мир за 2018. Номинацијата на Заев и Ципрас до Нобеловиот комитет ќе ја достави Уидед Бушамауи од Тунис, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015.
Свечената церемонија за Номинација за Нобелова награда за мир за 2019 се одржа на Универзитетот ФОН.
„Почестена сум што ги номинирам Зоран Заев и Алексис Ципрас за Нобеловата награда за мир.Ова не е признание само за нив, туку за сите граѓани на Македонија и Грција. Договорот од Преспа е пример и порака за сите како со дијалог може да се реши сѐ“, рече Бушамауи.
Заев и Ципрас се номинирани за ова признание поради склучувањето на Договорот од Преспа. Со овој договор името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со македонски јазик и македонска националност.
Во тек е собраниска постапка за амандманите за измена на Уставот соодветно Договорот со Грција.