Македонија

ССМ бара бесплатни ПЦР: Работниците побргу ќе умрат од глад отколку од корона

Синдикатите бараат ПЦР тестирањето да не падне на товар на работниците бидејќи нивните пресметки покажуваат дека се потребни минимум 20.000 денари месечно за 10 ПЦР тестирања.

„Ако државата нема обезбедено финансиски средства во Буџетот за 2022 година за бесплатни ПЦР тестови за сите работници, а работодавачите укажуваат дека товарот треба да падне на работниците за тестирањето за да можат да им дојдат на работа и да им работат за минимална плата од 15.200 денари и да им ствараат милиони во добивка, работниците побргу ќе умрат од глад отколку од корона“, велат од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА.

Според нив, тие не се против вакцинација, но сметаат дека таа треба да биде личен избор.

„Укажувавме дека пристапот за поттикнување и стимулирање треба да биде на начин на кој за имунизацијата, работниците ќе добијат повеќе информации, но и одредени бенифиции кои ќе беа дополнителен мотив, но за жал, Комисијата на барањата на работниците како на пример најмалку денот кога се вакцинираат да биде препорачано да биде платен неработен ден (поради зачестените пријави дека газдите ги тераат по вакцинацијата да се вратат веднаш на работа, а не ги ни ослободуваа доколку имаа реакција по примањето на вакцината во наредните денови) тие се огласија за ненадлежни, а од друга страна денеска сме сведоци како истата Комисија предлага и ги изложува работниците на сопствен трошок да прават ПЦР тестови доколку одлучат да не се вакцинираат“, наведува ССМ во одговорот.

На почеток