Свет

„Починаа 45 патници поради поевтино гориво“, бугарските насловни страници преплавени со несреќата

Веќе е втор ден на жалост во Македонија по вчерашната трагедија во Бугарија во која загинаа 45 државјани од земјава, а седуммина биле повредени.

Бугарските весници со тажни слики од сообраќајката известуваат за оваа трагедија, која е во центарот на вниманието на овој дел од Европа.

Медиумите пишуваат и за нафтата која автобусот ја носел од Турција, која била купена поради поевтина цена во оваа земја.Оваа несреќа ја потресе целата јавност и свежи цвеќиња се положуваат пред македонската амбасада во Бугарија.

Телеграф на својата насловна страница пишува „Автобус ковчег погреба 13 семејства“ со фотографија од пеплосаниот автобус, со назнака дека денеска е траорен ден во двете земји.

На почеток