Бугарскиот премиер по истрагата ќе одлучи дали треба заштитни мерки за автопатот каде се случи автобуската трагедија
Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев уште еднаш им изрази сочувство на роднините на загинатите во автобуската трагедија во близина на Ројак, односно на автопатот „Струма“. Тој рече дека треба да има расветлување на причините за инцидентот.
Јанев откри дека работата ќе ја препушти на експертите, а потоа ќе препорачаат мерки за патиштата бидејќи се шпекулираше дека автопатот е небезбеден.
„Да видиме и какви документи доставил возачот на автобусот. Можеби ќе испадне дека документите за автобусот биле доволни за меѓународен превоз“, рече Јанев откако во Македонија се воочи дека автобусот не бил лиценциран, а преминувал граница.
Државата на најдобар начин ќе ја истражи трагедијата на автопатот Струма, категоричен беше бугарскиот премиер.