Актуелно

„Не успеав да го спасам синот“, потресно сведоштво на преживеан, раскажува за моментите на несреќата

Орхан Алити, еден од седумтемина преживеани во трагичната несреќа во Бугарија, успеал да го скрши задното стакло на автобусот и да скокне. Но, за жал не успеал да го спаси и својот 23-годишен син Висар.

Орхан во ексклузивна изјава за „Слободен печат“ од софиската болница „Пирогов“ вели дека е во добра здравствена состојба и дека се уште не може да поверува како толку брзо се случила трагедијата.

Тој вели дека во моментот на несреќата бил буден и видел дека автобусот удрил во бариерата.

– Мислев дека возачот заспал и дека затоа му побегна воланот и се удри, но во исто време избувна пожар и тоа не ми изгледаше нормално. Автобусот застана малку, потоа пак продолжи да се движи, но пак имаше пламен, се сеќава Орхан.

„Сите луѓе ги фати паника и никој не знаеше што да рече. Во тој момент човекот многу брзо размислува, а ако автобусот го фати пожар, вратите не се отвораат И во тој момент помислив да скокнам со двете нозе да го скршам задното стакло, но првиот обид ми беше неуспешен. Вториот пат скокнавме пак со двете нозе јас и Љуљзим од Прешево, и во тој момент успеавме да излеземе надвор од автобусот Мислев само на тоа да станам и да ги повикам другите да излезат од прозерецот од кајшто излеговме ние. Но кога се обидов да станам, видов дека половината ми е скршена, не можев да се исправам. Имав и скршеница на ногата. Кога се видов на асфалтот од спротивната страна, помислив дека ако дојде автомобил од спротивната страна, може да настрадам уште полошо. Се вртев, преминав на другата страна на патот и почнав да викам по син ми Висар, викав колку што можев погласно, затоа што мислев дека и тој скокнал зад мене, но Висар не одговори. За жал, и тој заврши трагично“, рече Орхан низ солзи

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ И АУДИО РАЗГОВОРОТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА

Извор и фото: Слободен печат

На почеток